2 Самоилова 1:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. А Давид уште му викна: „Твојата крв врз твојата глава! Твојата уста сведочеше против тебе кога рече: ‘Јас го убив Господовиот помазаник.’”

17. Тогаш Давид ја запеа оваа тажачка за Саула и за неговиот син Јонатан.

18. Запишана е во Праведниковиот книжен свиток, за да ја учат Јудините синови. Давид рече:

19. ”О, како ти падна славата, Израелу, изгинаа јунаци на твојата височина!

20. Не раскажувајте вие за поразот во Гат, не разгласувајте по аскалонските улици, за да не воскликнуваат младите филистејски ќерки.

2 Самоилова 1