2 Петар 1:16-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Зашто кога ви ги објавивме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, ние не следевме лукаво измислени бајки, но станавме очевидци на Неговото величие.

17. Зашто Тој прими од Бог Таткото чест и слава, кога од величествената слава Му дојде гласот: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината.”

18. Ние го чувме гласот, кој дојде од небото, кога бевме со Него на светата гора.

19. И така имаме поцврсто пророчко слово; а вие правите добро што внимавате на него, како на светило што свети во темно место, додека не осамне денот и Деница засвети во вашите срца.

20. Знајте го ова пред сè: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака,

21. зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух.

2 Петар 1