2 Петар 1:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Затоа ќе гледам секогаш да ве потсетувам за овие работи, иако вие ги знаете, и сте утврдени во сегашната вистина.

13. Но сметам дека е право, додека сум во овој шатор на своето тело, да ве разбудувам со напомнување,

14. зашто знам дека скоро ќе го оставам мојот шатор, како што ме извести за тоа нашиот Господ Исус Христос.

15. А ќе настојувам вие, и по моето заминување, да си спомнувате секогаш за ова.

16. Зашто кога ви ги објавивме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, ние не следевме лукаво измислени бајки, но станавме очевидци на Неговото величие.

2 Петар 1