2 Летописи 9:10-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Хирамовите слуги, кои донесуваа злато од Офир со Соломоновите слуги, исто така донесоа сандалово дрво и скапоцени камења.

11. Царот направи од тоа црвено дрво скали кон Господовиот Дом и кон царскиот дом, и гуслиња и псалтири за певците: никогаш порано не беа видени слични работи во Јудејската Земја.

12. Царот Соломон и даде на царицата од Сава сè што пожела и што посака, освен она што самата му го донесе на царот. Потоа таа тргна и со слугите си отиде во својата земја.

13. Златото што му доаѓаше на Соломона секоја година беше тешко шест стотини шеесет и шест златни таланти,

14. освен она што доаѓаше од трговците и од патувачките продавачи. И сите арабјански цареви и земни управители му донесуваа злато и сребро на Соломон.

15. Царот Соломон направи двеста штитови од ковано злато: за секој штит употреби шест стотини шекели ковано злато,

16. и направи триста штитчиња од ковано злато; за секое штитче потроши триста златни шекели. Царот ги стави на чување во куќата наречена Ливанска Гора.

17. Царот направи и голем престол од слонова коска и го обложи со чисто злато.

2 Летописи 9