1. Кога Соломон ја заврши молитвата, оган се спушти од небото и ги спали паленицата и закланиците, и Господовата слава го исполни Домот.
2. Свештениците не можеа да влезат, зашто Господовата слава го исполни Господовиот Дом.
3. Сите Израелеви синови, откако видоа дека огнот со Господовата слава се спушти на Домот, паднаа ничкум кон земјата до камениот под; поклонувајќи се, почнаа да Го слават Господа: „зашто е благ и зашто е вечна Неговата љубов.”