6. Направи десет мијалници и ги постави пет оддесно, пет одлево за да се мие во нив; во нив го миеја тоа што требаше за палениците; морето им беше наменето на свештениците за да се мијат во него.
7. Направи десет златни светилници според прописот и ги стави во Храмот, пет оддесно, пет одлево.
8. Тогаш направи десет столови и ги постави во Храмот, пет оддесно, а пет одлево. Направи сто златни котлиња.
9. Тогаш направи свештенички трем, голем двор со врати што ги покри со бронза.
10. Го стави морето од десната страна кон југоисток.
11. Хирам направи грнчиња, лопати и котлиња. Ја приврши сета работа што му ја правеше на царот Соломон за Божјиот Дом: