2 Летописи 31:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Одреди царски придонес од својот имот за палениците, за утринските и вечерните паленици и за палениците што се принесуваат во сабота, при млада месечина и на празници, како што е напишано во Господовиот Закон.

4. Му заповеда на народот, на ерусалимските жители, да им даваат дел на свештениците и на левитите, за да се зајакнат во Господовиот Закон.

5. Кога се разгласи тоа, Израелевите синови почнаа да донесуваат првини жито, ново вино, масло и мед, и секаков полски плод, и донесуваа изобилни десетини од сè.

6. Израелевите и Јудините синови, кои живееја во јудејските градови, исто така донесуваа десетина од говедата и од ситниот добиток и десетина од светите работи, посветени на Господа, нивниот Бог; донесуваа и даваа сè куп врз куп.

7. Во третиот месец почнаа да прават купови, а во седмиот месец завршија.

8. Тогаш Езекија дојде, со кнезовите и откако ги здогледа куповите, ги благословија Господа и неговиот израелски народ.

9. Потоа Езекија се распраша кај свештениците и левитите за куповите.

2 Летописи 31