2 Летописи 31:3-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Одреди царски придонес од својот имот за палениците, за утринските и вечерните паленици и за палениците што се принесуваат во сабота, при млада месечина и на празници, како што е напишано во Господовиот Закон.

4. Му заповеда на народот, на ерусалимските жители, да им даваат дел на свештениците и на левитите, за да се зајакнат во Господовиот Закон.

5. Кога се разгласи тоа, Израелевите синови почнаа да донесуваат првини жито, ново вино, масло и мед, и секаков полски плод, и донесуваа изобилни десетини од сè.

2 Летописи 31