2 Летописи 31:13-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. А Ехил, Азазиј, Нахат, Асил, Јеримо Јозавед, Елиел, Исмахиј, Мат и Бенај беа настојници покрај Хонаниј и брата му Симеј, по налог на царот Езекија и Азариј, старешината во Божјиот Дом.

14. Кореј, син на левитот Емна, вратар на источната врата, беше над доброволните Божји приноси, за да ги раздава Господовите приноси, и најважните од посветените работи.

15. Под нив беа Еден, Минијамин, Исус, Семај, Амариј и Сеханиј по свештеничките градови, за да им делат совесно на своите според нивните редови, како на големиот така и на малиот,

2 Летописи 31