2 Летописи 31:1-2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога сврши сè тоа, сите Израелеви синови, кои се најдоа таму, навлегоа по јудејските градови та ги кршеа столбовите ги сечеа ашерите и ги оборуваа високите места и жртвениците по сето Јудино, Венијаминово, Ефремово и Манасиево племе додека не завршија. Тогаш сите Израелеви синови се вратија секој на својот имот, во своите градови.

2. Езекија пак ги среди свештеничките и левитските редови, секого според неговата служба, свештениците и левитите, за палениците и за помирителните жртви, за да служат, за да Го слават и да Го фалат Господа пред вратите на Господовиот стан.

2 Летописи 31