2 Летописи 30:20-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Господ го послуша Езекија и му прости на народот.

21. Така Израелевите синови, кои се најдоа во Ерусалим, го празнуваа празникот Бесквасни лебови седум дена со голема веселба, а левитите и свештениците го фалеа Бога од ден во ден со свиралките за Господова слава.

22. Езекија ги храбреше левитите, кои покажуваа добро знаење и приврзаност кон Господа. Ја јадеа свечената жртва седум денови принесувајќи помирителни жртви и славејќи го Господа, Бога на своите татковци.

2 Летописи 30