2 Летописи 30:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. И така гласниците тргнаа од град до град по Ефремовата и Манасиевата Земја па до Завулон, а луѓето им се потсмеваа и се подигруваа со нив.

11. Сепак некои од Асировото, од Манасиевото и од Завулоновото племе се смирија и дојдоа во Ерусалим.

12. На Јудејците пак слезе Божјата рака и ги проникна со еднодушност за да прават што беа заповедале царот и кнезовите по Господовото слово.

13. Многу народ се собра во Ерусалим за да го прослават Празникот на пресните лебови, во вториот месец; собирот беше многу голем.

14. Тогаш станаа и ги отстранија жртвениците што беа во Ерусалим, ги отстранија сите кадилници и ги фрлија во потокот Кедрон.

15. Тогаш почнаа да ја колат Пасхата во четиринаесеттиот ден на вториот месец, а свештениците и левитите се засрамија и откако се посветија, почнаа да ги внесуваат палениците во Господовиот Дом.

2 Летописи 30