2 Летописи 3:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Со него ја покри дворницата: гредите, праговите и крилата на вратите та изваја херувими по ѕидовите.

8. Потоа ја создаде дворницата на Светината над светините. Беше, според храмската широчина, долга дваесет лакти и широка дваесет лакти, и ја обложи со шест стотини таланти чисто злато.

9. За клинците даде на мерка педесет златни сикли. И горните соби ги обложи со злато.

10. Во дворницата на Светината над светините направи два херувими, леано дело. И нив ги обложи со злато.

11. Крилата на херувимите беа долги дваесет лакти: едното крило од пет лакти го допираше храмскиот ѕид, а второто од пет лакти го допираше крилото на другиот херувим.

12. Така и крилото на вториот херувим, од пет лакти, го допираше ѕидот на Домот. Другото крило, од пет лакти, се спојуваше со крилото на другиот херувим.

2 Летописи 3