1. На Езекија му беа дваесет и пет години кога се зацари, царуваше дваесет и пет години во Ерусалим. Името на мајка му беше Авија, ќерка Захариева.
2. Правеше што е право во Господовите очи, сосем како и неговиот татко Давид.
3. Во првата година на првиот месец на своето царување ги отвори вратите на Господовиот Дом и ги поправи.
4. Тогаш ги повика свештениците и левитите и, откако ги собра на источниот плоштад,
5. рече: „Чујте ме левити! Посветете се сега и посветете го Домот на Господа, Бога на своите татковци, и отстранете ја нечистотата од Светилиштето.
6. Нашите татковци згрешија и правеа зло во очите на Господа, нашиот Бог. Го оставија и го одвратија лицето од Господовиот Шатор, свртувајќи му го грбот.
7. Ги затворија тремските врати и ги изгаснаа светилките; не кадеа со темјан ниту принесуваа паленици во Светилиштето на Израелевиот Бог.