4. Соѕида и градови по Јудејската Гора, а во горите дворци и стражарници.
5. Војуваше против царот на Амоновите синови и ги победи. Во таа година Амоновите синови му дадоа сто сребрени таланти и десет илјади кори пченица и десет илјади кори јачмен. Амоновите синови му платија толку и во втората и во третата година.
6. Така Јотам се зацврсти, зашто го среди својот живот пред Господа, својот Бог.
7. Другите Јотамови дела и сите негови војни и патишта запишани се во книжниот Свиток за израелските и јудејските цареви.
8. Му беа дваесет и пет години кога се зацари, царуваше шеснаесет години во Ерусалим.