2 Летописи 24:25-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Кога си отидоа од него, оставајќи го во тешки болести, неговите стотници се побунија против него зашто го уби синот на свештеникот Јодај, па и тие го убија него на постела, та загина; го погребаа во Давидовиот Град, но не го закопаа во царската гробница.

26. Еве ги оние што се заверија против него, Завад, син на Амонката Симеата, и Јозавад, син на Моавката Симрита.

27. А за неговите синови и за големото пророштво против него, за обновата на Божјиот Дом, сè е запишано во Толкувањето на Свитокот на царевите. На неговото место зацари син му Амасиј.

2 Летописи 24