2 Летописи 24:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На Јоаса му беа седум години кога се зацари, а царуваше четириесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Сивија, од Вир Савеа.

2. Јоас правеше што е право во Господовите очи додека беше жив свештеникот Јодај.

3. Јодај го ожени со две жени и тој имаше со нив синови и ќерки.

4. Потоа науми во срцето да го обнови Господовиот Дом.

5. Откако ги собра свештениците и левитите, им рече: „Излезете по јудејските градови и собирајте од сите Израелци сребреници за да биде обновен Домот на вашиот Бог, од година до година, а вие побрзајте со таа работа.” Ама на левитите не им се брзаше.

6. Затоа царот го повика главатарот Јодај и му рече: „Зошто не бараш од левитите да го донесуваат од Јудеја и од Ерусалим данокот што го одреди Господовиот слуга Мојсеј и Израелевиот собир, за Шаторот на сведоштвото?

2 Летописи 24