2 Летописи 23:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Сиот собор склучи сојуз со царот во Божјиот Дом. Јодај им рече: „Ете, царевиот син ќе царува, како што вети Господ за Давидовите синови.

4. Еве што треба да направите: третината од вас што во сабота влегувате во служба, и свештениците и левитите, нека бидат вратари при праговите;

5. третината нека биде во царскиот дворец, третината на Есодската Врата, сиот народ во тремовите на Господовиот Дом.

6. Никој нека не влегува во Господовиот Дом освен свештениците и левитите кои служат; тие нека влегуваат, зашто се посветени. Сиот народ нека ја пази Господовата наредба.

2 Летописи 23