13. Погледна подобро, кога ете, царот стои на своето место при влезот, а пред царот заповедници и свирачи; сиот народ воскликнува од радост и труби во труби, певците пеат покрај свирките и ги предводат пеењата. Тогаш Готолија ја раскина облеката и извика: „Предавство, предавство!”
14. Свештеникот Јодај им нареди на стотниците и на воените заповедници: „Изведете ја низ редовите надвор, и кој ќе тргне по неа, погубете го со меч!” Уште свештеникот додаде: „Немојте да ја погубите во Господовиот Дом!”
15. Ставија раце на неа, и кога низ Коњската Врата стигна до царскиот дворец, таму ја погубија.
16. Тогаш Јодај склучи Завет меѓу Господа, народот и царот, за да биде народот Господов.
17. Потоа сиот народ отиде во Вааловото капиште, го разурна заедно со жртвениците и ги искрши ликовите; го убија вааловиот свештеник Матан пред жртвениците.