2 Летописи 20:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Моавовите и Амоновите синови, а со нив и некои од Меунците, завојуваа против Јосафат.

2. Ама Јосафат ја доби оваа вест: „Против тебе доаѓа големо мноштво од онаа страна на морето, од Едом; и ене го во Асасон Тамара, односно во Ен Гад.”

3. Јосафат се исплаши и почна да Го бара Господа, та прогласи пост по сета Јудеја.

4. Јудејците се собраа да Го бараат Господа: доаѓаа од сите јудејски градови за да Го бараат.

2 Летописи 20