6. Та кој би имал достатно сила за да Му создаде Дом кога не можат да Го опфатат ни небесата ни небесата над небесата? И кој сум јас за да Му ѕидам Дом, освен затоа за да Му се издига кадеж пред лицето?
7. Испрати ми човек вешт во обработка на злато, сребро, бронза, железо, црвено сукно, сино и љубичесто, и вешт во уметноста на копаничарство; ќе работи со ракотворците кај мене во Јуда и во Ерусалим, со оние што ми ги остави мојот татко Давид.
8. Испрати ми од Ливан кедри, чемпреси и алгуми, зашто знам дека твоите слуги умеат да ги сечат ливанските дрва. Моите слуги ќе работат со твоите.
9. Ќе треба да ми подготват многу дрва, зашто куќата што мислам да ја градам ќе биде многу голема и величествена.
10. На дрвосечачите што ќе ги оборуваат дрвата им давам дваесет илјади кори пченица, дваесет илјади кори јачмен, дваесет илјади вати вино и дваесет илјади вати масло, за издржување на твоите слуги.”