1. Соломон науми да изгради Дом - еден на Господовото Име, а вториот за себе за царски дворец.
2. Изброи седумдесет илјади носачи, осумдесет илјади каменоделци во гората и три илјади и шест стотини надгеледувачи.
3. Тогаш му ја испрати оваа порака на Хирам, тирскиот цар: „Како што му праќаше на татака ми Давид кедри за да гради дом каде ќе живее, така стори ми и мене.
4. Наумив да Му подигнам Дом на Името на Господа, својот Бог, и да Му го посветам, за да се дига пред Него благомирисен темјан, за да се поставуваат секогаш лебови, за да се принесуваат паленици наутро и навечер, во саботите, во деновите на млад месец и во празниците на Господа, нашиот Бог; и така да остане засекогаш во Израел.
5. Домот што ќе го изградам ќе биде голем, зашто нашиот Бог е поголем од сите богови.
6. Та кој би имал достатно сила за да Му создаде Дом кога не можат да Го опфатат ни небесата ни небесата над небесата? И кој сум јас за да Му ѕидам Дом, освен затоа за да Му се издига кадеж пред лицето?
7. Испрати ми човек вешт во обработка на злато, сребро, бронза, железо, црвено сукно, сино и љубичесто, и вешт во уметноста на копаничарство; ќе работи со ракотворците кај мене во Јуда и во Ерусалим, со оние што ми ги остави мојот татко Давид.