2 Летописи 17:15-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. до него началникот Јоанан и со него двеста и осумдесет илјади;

16. по него Зихриевиот син Амасиј, кој се стави подготвено во Господова служба, со двеста илјади храбри јунаци.

17. Од Венијаминовото племе: храбриот јунак Елијад и со него двеста илјади луѓе вооружени со лак и со штит;

18. по него Јозавед и со него сто и осумдесет илјади готови за бој.

19. Тоа се оние кои му служеа на царот, не броејќи ги оние што царот ги имаше наместено во тврдите градови по сета Јудеја.

2 Летописи 17