2 Летописи 17:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Господовиот страв ги опфати сите земни царства околу Јудеја, така што не смееја да завојуваат против Јосафат.

11. Некои Филистејци сами му донесуваа дарови и данок во сребреници, а Арабјаните му донесуваа ситен добиток: по седум илјади и седум стотини овни и седум илјади и седум стотини јарци.

12. Така Јосафат напредуваше сè повеќе додека не стана многу голем. Изгради во Јудеја стражарници и градови - складишта.

13. Имаше многу работи во јудејските градови, а храбри јунаци во Ерусалим.

14. Еве го нивниот попис според семејствата: од Јудиното племе илјадниците: началникот Адна и со него триста илјади храбри јунаци;

15. до него началникот Јоанан и со него двеста и осумдесет илјади;

16. по него Зихриевиот син Амасиј, кој се стави подготвено во Господова служба, со двеста илјади храбри јунаци.

17. Од Венијаминовото племе: храбриот јунак Елијад и со него двеста илјади луѓе вооружени со лак и со штит;

18. по него Јозавед и со него сто и осумдесет илјади готови за бој.

19. Тоа се оние кои му служеа на царот, не броејќи ги оние што царот ги имаше наместено во тврдите градови по сета Јудеја.

2 Летописи 17