2 Летописи 15:10-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. И се собраа во Ерусалим во третиот месец на петнаесеттата година на Асиното царување.

11. Во оној ден Му принесоа жртви на Господа од пленот што го дотераа, седум стотини говеда и седум илјади ситен добиток.

12. Се заветуваа дека ќе Го бараат Господа, Бога на своите татковци, со сето срце и со сета душа.

2 Летописи 15