2 Летописи 15:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Божјиот Дух слезе на Одидовиот син Азариј.

2. Тој излезе пред Аса и му рече: „Чујте ме, Асо и сето Јудино и Венијаминово племе! Господ е со вас, зашто вие сте со Него; и ако го барате, ќе Го најдете; ако Го оставите, и Тој ќе ве остави вас.

3. Долго Израелците беа без вистинскиот Бог и без свештеник - учител и без Закон.

4. Кога во неволја Му се обратија на Господа, на Израелевиот Бог, и почнаа да Го бараат, Го најдоа.

5. Во тоа време никој не можеше ни да излегува ни да доаѓа, зашто големи немири владееја меѓу сите земни жители.

6. Народ удираше против народ, град против град, зашто Господ ги смути со секаква неволја.

7. Но вие бидете храбри, и рацете нека не ви ослабат, зашто има награда за вашите дела.”

2 Летописи 15