2 Летописи 14:5-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ги отстрани од сите јудејски градови високите места и сончевите столбови, а царството беше мирно во неговото време.

6. Изгради цврсти градови во Јудеја, зашто земјата беше мирна. Никој не завојува против него во тие години, зашто Господ му даде мир.

7. Затоа Аса им рече на Јудејците: „Да ги доградиме овие градови и да ги заградиме со ѕид и со стражарници, со врати и со лостови; уште е наша земјата пред нас, зашто го баравме Господа, својот Бог; го баравме, и Тој ни даде мир од сите страни!” Така градеа и беа успешни.

8. Аса имаше војска триста илјади луѓе од Јудејците, кои носеа штит и копје, а од Венијаминовото племе двеста и осумдесет илјади, кои носеа штит и оптегнуваа лак. Сите беа храбри јунаци.

9. Етиопецот Зара излезе против нив со илјада илјади воини и со триста бојни коли и дојде до Мариса.

10. Аса излезе пред него; се подредија во боен ред во Сефатската Долина кај Мариса.

11. Аса извика кон Господа, својот Бог: „О Господе, за Тебе е ништо да му помогнеш на силниот или на слабиот! Помогни ни, о Господи, Боже наш, зашто се потпираме на Тебе и во Твое Име излеговме против ова мноштво! Господе, Ти си наш Бог, не оставај го силниот човек против Себе!”

12. Господ ги разби Етиопците пред Аса и пред Јудејците, та Етиопците избегаа.

2 Летописи 14