2. Аса правеше што е добро и право во очите на Господа, неговиот Бог.
3. Ги отстрани туѓинските жртвеници и високите места, ги обори столбовите и ги скрши ашерите.
4. Им нареди на Јудејците да Го бараат Господа, Бога на своите татковци, да ги пазат законот и заповедите.
5. Ги отстрани од сите јудејски градови високите места и сончевите столбови, а царството беше мирно во неговото време.