1. Потоа Авиј почина покрај своите татковци. Го погребаа во Давидовиот Град; на неговото место се зацари син му Аса. Во неговите дни земјата беше мирна десет години.
2. Аса правеше што е добро и право во очите на Господа, неговиот Бог.
3. Ги отстрани туѓинските жртвеници и високите места, ги обори столбовите и ги скрши ашерите.