2 Летописи 13:2-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Царуваше три години во Ерусалим. Името на мајка му беше Михаја, Урилова ќерка од Гаваја. Тогаш избувна војна меѓу Авиј и Јеровоам.

3. Авиј излезе во бојот со храбри борци, со четири стотини илјади одбрани јунаци; Јеровоам подреди во боен ред против него осум стотини илјади луѓе, сè одбрани јунаци.

4. Авиј застана на врвот на Семераимската Гора во Ефремовото Горје и рече: „Чујте ме, Јеровоаме и сиот Израел!

5. Не знаете ли дека Господ Израелевиот Бог, му го предаде на Давида царството над Израел засекогаш, нему и на неговите синови со Заветот на солта?

6. Ама се подигна Наватовиот син Јеровоам, слуга на Давидовиот син Соломон, и се побуни против господарот.

7. Околу него се собраа ништожни и лоши луѓе и почнаа да му се противат на Соломоновиот син Ровоам, кој беше млад и со страшливо срце, та не умееше да се брани храбро од нив.

8. Па сега мислите дека можете да му се спротивите на Господовото Царство што е во раката на Давидовите синови, зашто вас ве има мошне многу и ги имате кај себе златните телиња, кои ви ги направи Јеровоам за да ви бидат богови.

9. Ги истеравте Господовите свештеници, Ароновите синови и левитите, и си поставивте за себе свештеници како другите земни народи. Секој што дојде со јунец и со седум овни, им стана свештеник на вашите ништожни богови.

10. Нам ни е Бог Господ, не Го оставивме, а свештениците кои Му служат на Господа се Аронови синови и левити во својата работа.

2 Летописи 13