18. Така Израелевите синови беа понижени во тоа време, а Јудините синови зајакнаа, зашто се потпреа на Господа, на Бога на своите татковци.
19. Авиј го спотера Јеровоама и ги освои од него градовите Ветил со селата, Јесан со селата и Ефрон со селата.
20. Јеровоам веќе не се заздрави за време на Авиевиот живот; Господ го удри така што умре.
21. Авиј се зацврсти и си зеде четиринаесет жени, та му се родија дваесет и два сина и шеснаесет ќерки.
22. А другите Авиеви дела и неговите потфати и беседи се запишани во толкувањето на пророкот Адон.