2 Летописи 13:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Ама Јеровоам одведе заседа за да им дојде од зад плеќи; така на Јудејците едни им беа однапред, а заседата одназад.

14. Кога Јудејците се обѕрнаа, а тоа, ете, бојот им беше однапред и одназад. Тогаш извикаа кон Господа, а свештениците почнаа да трубат во трубите.

15. Тогаш Јудејците извикаа силно, а кога почнаа да викаат, Бог ги разби Јеровоама и сиот Израел пред Авиј и пред Јудејците.

16. Израелевите синови избегаа пред Јудејците, и Бог им ги предаде ним во рацете.

17. Авиј со народот изврши голем колеж меѓу нив, та од Израелците паднаа погубени пет стотини илјади одбрани луѓе.

2 Летописи 13