2 Летописи 12:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Дојде со три илјади и двеста бојни коли и со шеесет илјади коњаници, а на народот кој дојде со него од Египет - на Либијците, Сухејците и Етиопците - му немаше број.

4. Откако ги освои тврдите јудејски градови, допре до Ерусалим.

5. Тогаш дојде пророкот Семај кај Ровоам и кај јудејските кнезови, кои што се беа собрале во Ерусалим бегајќи од Сисак, и им рече: „Господ вели вака: ‘Вие Ме оставивте Мене, па и Јас ве оставам во рацете на Сисак.’”

6. Тогаш израелските кнезови и царот се понижија, и рекоа: „Господ е праведен!”

7. Кога Господ виде дека се понижија, Неговото слово му дојде на Семај: „Се понижија; нема да ги уништам, туку скоро ќе им дадам спасение, та Мојот гнев нема да се обори на Ерусалим преку Сисака.

2 Летописи 12