11. Царот кога и да одеше во Господовиот Дом, стражарите ги земаа, а после ги враќаа во стражарницата.
12. И така, кога се смири, Господовиот гнев се одврати од него та не го уништи сосем, зашто и во Јудеја имаше нешто добро.
13. Потоа царот Ровоам се утврди во Ерусалим и царуваше. На Ровоам му беа четириесет и една година кога се зацари, а царуваше седумнаесет години во Ерусалим, во градот кого Господ го избра меѓу сите израелски племиња за да го постави таму Своето Име. Мајка му се викаше Нама, а беше Амонка.
14. Правеше зло, зашто не се заложи со срцето да Го бара Господа.
15. Ровоамовите први и последни дела - и војните што беа водени непрекратно меѓу Ровоам и Јеровоам - запишани се во книгата на пророкот Семај и во племенскиот попис на гледачот Адон.