2 Летописи 11:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Откако дојде во Ерусалим, Ровоам го собра сиот Јудин и Венијаминов дом, сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да удрат на Израел и за да му го вратат царството на Ровоама.

2. Но Господовото слово му дојде на Божјиот човек Семај:

3. ”Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, јудејскиот цар, и на сите Израелци во Јудиното и Венијаминовото племе:

4. ’Господ вели вака: „Не одете да војувате со браќата! Нека секој се врати во својата куќа, зашто ова потекнува од Мене.”‘“ И тие го послушаа Господовото слово, се вратија, и не удрија на Јеровоам.

5. Ровоам, престолувајќи во Ерусалим, почна да подига цврсти градови по Јудеја.

6. Така ги изгради: Витлеем, Етам, Текуј,

7. Вет-Сур, Сохот, Одолам,

8. Гат, Мариса, Зиф,

9. Адораим, Лахис, Азика,

10. Сараја, Ејалон и Хеврон, тврди градови во Јудиното и во Венијаминовото племе.

2 Летописи 11