2 Летописи 1:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Но ти давам и богатство, благо и слава какви немаше ниеден цар што бил пред тебе и какви не ќе имаат ни оние кои ќе дојдат после тебе.”

13. Соломон од возвишението во Гаваон отиде во Ерусалим, подалеку од Шаторот на средбата, и царуваше над Израел.

14. Собра бојни коли и коњаници: имаше илјада и четири стотини бојни коли и дванаесет илјади коњаници, и ги размести по градовите каде што му беа колите и кај себе во Ерусалим.

15. Соломон направи да има сребро и злато во Ерусалим изобилно како камења, а кедрови дрва многу како црници во Шефел.

16. Соломоновите коњи беа внесени од Египет и од Кеве, а царските трговци ги купуваа за пари.

17. Се донесуваше и се продаваше една бојна кола од Египет по шест стотини сребрени шекели, а коњите по сто и педесет; тоа беше исто така за сите хетитски и арамејски цареви, кои ги увезуваа преку нив.

2 Летописи 1