2 Коринќаните 8:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Зашто позната ви е благодатта на нашиот Господ Исус Христос, како заради вас од богат стана сиромашен, за да се обогатите вие преку Неговата сиромаштија.

10. Со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои веќе од минатата година го почнавте не само со дело, туку и со својата волја.

11. А сега довршете го и тоа дело: како што бевте подготвени да сакате, така да бидете подготвени и да го довршите, според она што имате.

12. Зашто, ако има добра волја, таа е добро дошла според она што има, а не според она што нема.

13. Не сакам олеснувањето на другите да ви донесе неволја вам, туку да има рамноправност:

14. во сегашно време вашиот одвишок да ја покрие нивната скудност, и нивниот одвишок да послужи на вашата скудност, за да биде рамноправност,

15. според она што е напишано: „Кој собра многу, немаше одвишок, а кој собра малку, немаше недостиг.”

2 Коринќаните 8