8. Не го велам ова како заповед, туку ја испитувам искреноста на вашата љубов, преку ревноста на другите.
9. Зашто позната ви е благодатта на нашиот Господ Исус Христос, како заради вас од богат стана сиромашен, за да се обогатите вие преку Неговата сиромаштија.
10. Со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои веќе од минатата година го почнавте не само со дело, туку и со својата волја.
11. А сега довршете го и тоа дело: како што бевте подготвени да сакате, така да бидете подготвени и да го довршите, според она што имате.
12. Зашто, ако има добра волја, таа е добро дошла според она што има, а не според она што нема.
13. Не сакам олеснувањето на другите да ви донесе неволја вам, туку да има рамноправност:
14. во сегашно време вашиот одвишок да ја покрие нивната скудност, и нивниот одвишок да послужи на вашата скудност, за да биде рамноправност,
15. според она што е напишано: „Кој собра многу, немаше одвишок, а кој собра малку, немаше недостиг.”
16. Но, Му благодарам на Бога, Кој истата грижа за вас му ја стави во срцето на Тит!
17. Зашто ја прифати нашата молба, но бидејќи многу ревносен, доброволно отиде при вас.
18. Со него го праќаме и братот пофалуван, за работење на Евангелието по сите цркви.