2 Коринќаните 7:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, возљубени, имајќи ги овие ветувања, да се очистиме од секоја духовна и телесна нечистота, довршувајќи ја својата светост во страв пред Бога.

2. Дајте ни место во своите срца! Никому не му направивме неправда, никого не упропастивме, никого не искористивме.

3. Не ви го велам ова за да ве осудам, зашто, реков пред малку, дека сте во нашите срца, за да умреме и за да живееме заедно.

2 Коринќаните 7