2 Коринќаните 6:8-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. со слава и со срам, со лош глас и со добар глас, како измамници, а вистински луѓе,

9. како непознати, а пак, добро познати, како оние кои умираат - и ете, живееме; како казнувани, но не убивани,

10. како жалосни, но секогаш радосни; како бедни, а збогатуваме други, како оние кои немаат ништо, а имаат сè.

11. Нашата уста се отвори кон вас, Коринтјани, нашето срце стана широко.

12. Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во вашите срца;

13. ви зборувам како на свои деца: бидете широки и вие, за да ми вратите на ист начин.

14. Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината?

2 Коринќаните 6