2 Коринќаните 4:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Во неволја сме отсекаде, но не сме притеснети; во двоумење сме, но не губиме надеж;

9. нè гонат, но не сме оставени; нè соборуваат, но не сме погубени.

10. Каде и да одиме, секогаш го носиме Исусовото умирање во телото, па и животот Исусов да се покаже во нашето тело.

11. Зашто ние, живите, секогаш сме предавани на смрт заради Исуса, та и животот Исусов да се покаже во нашето смртно тело.

12. И така, смртта дејствува во нас, а животот во вас.

2 Коринќаните 4