15. И така до денес, кога го читаат Мојсеја, покривалото им лежи на нивното срце.
16. Но, кога Израел се обрати кон Господа, покривалото се отстранува.
17. Зашто Господ е Дух, а каде е Господовиот Дух, таму е слободата.
18. А ние сите, со откриено лице, ја одразуваме Господовата слава и се преобразуваме во ист лик, од слава во слава, како што го прави тоа Господовиот Дух.