2 Коринќаните 3:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. И така, имајќи ваква надеж, зборуваме со голема смелост;

13. и не сме како Мојсеј, кој ставаше покривало на своето лице, за да не го видат Израелевите синови свршетокот на она што се отстрануваше.

14. Но нивните умови беа закоравени. Зашто, до денешниот ден останува истото покривало при читањето на Стариот Завет, и не се открива, зашто се отстранува само во Христа.

15. И така до денес, кога го читаат Мојсеја, покривалото им лежи на нивното срце.

2 Коринќаните 3