2 Коринќаните 3:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Почнуваме ли пак да се препорачуваме сами себеси? Или, можеби ни се потребни, како на некои, писмени препораки за вас или од вас?

2. Вие сте нашето писмо напишано во нашите срца, кое го познаваат и го читаат сите луѓе.

3. Зашто е очигледно дека сте Христово писмо, составено преку нашата служба; напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог; не на камени плочи, туку врз плочи - на човечките срца.

2 Коринќаните 3