2 Коринќаните 2:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа го решив ова во себеси: за да не доаѓам при вас пак во жалост.

2. Зашто, ако јас ве жалостам, тогаш кој ќе ме развеселува мене; ако не оној, кого јас го ожалостувам?

3. И точно тоа ви го пишував, за да не бидам, кога ќе дојдам ожалостен од оние, кои би требало да ме радуваат; уверен во сите вас, дека мојата радост е радост и на сите вас.

4. Зашто, ви пишував во голема тага и при тешкотија на срцето, и со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја запознаете големата љубов, што ја имам кон вас.

2 Коринќаните 2