2 Коринќаните 10:4-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. зашто оружјето на нашето војување не е телесно, туку е силно во Бога за разурнување на тврдини,

5. па ги рушиме мудрувањата; и секое превознесување што се крева против познавањето на Бога; и ја поробуваме секоја мисла за послушност на Христа;

6. и готови сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни вашата послушност.

7. Зар надворешно гледате на работите? Ако е некој уверен во себе дека е Христов, нека го размисли уште еднаш во себеси ова: како што е тој Христов, така сме и ние!

8. Зашто, ако се пофалам и малку повеќе со нашата власт, што Господ ни ја даде за ваше издигање, а не за ваша пропаст, нема да се засрамам;

9. за да не се покажам дека ве заплашувам со писмата,

10. зашто, „писмата се, велат некои, значајни и силни; но при личното присуство тој е слаб, а зборот му е презрен.”

11. Таквиот нека знае дека она што сме на збор преку посланијата кога сме отсутни, тоа сме и на дело кога сме присутни.

12. Имено, ние не смееме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои, кои се препорачуваат сами себеси; но не постапуваат разумно, зашто се мерат сами со себе и се споредуваат сами со себе.

13. А ние не сакаме да се фалиме преку мерка, туку само според мерката на правилото, што Бог ни ја определил како мерка, за да достигнеме и до вас.

14. Зашто, ние не преминуваме преку мерката, како да не сме достигнале до вас; зашто ние стигнавме и до вас со Евангелието на Христа.

2 Коринќаните 10