2 Коринќаните 10:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. ве молам кога ќе бидам при вас, да не треба да истапам со онаа смелост, со која мислам да истапам против некои, кои мислат дека ние одиме по телото.

3. Зашто, иако живееме во телото, не војуваме со телото,

4. зашто оружјето на нашето војување не е телесно, туку е силно во Бога за разурнување на тврдини,

5. па ги рушиме мудрувањата; и секое превознесување што се крева против познавањето на Бога; и ја поробуваме секоја мисла за послушност на Христа;

6. и готови сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни вашата послушност.

7. Зар надворешно гледате на работите? Ако е некој уверен во себе дека е Христов, нека го размисли уште еднаш во себеси ова: како што е тој Христов, така сме и ние!

2 Коринќаните 10