2 Јован 1:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Ако некој дојде при вас и не ја донесе оваа наука, не примајте го во домот и не поздравувајте го;

11. зашто кој го поздравува, учествува во неговите зли дела.

12. Имам многу да ви пишувам, ама не сакам со книга и мастило, туку се надевам дека ќе ви дојдам и усно да зборувам со вас, за да биде нашата радост полна.

13. Те поздравуваат децата на твојата избрана сестра. Амин!

2 Јован 1