1 Цареви 9:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. И рече: „Какви се тие градови што си ми ги дал, брате?” И оттогаш ги викаат „Земја Кабул” до денешниот ден.

14. А Хирам му беше испратил на царот сто и дваесет златни таланти.

15. Вака беше со принудната работа што Соломон ја создаде за да ги изгради Господовиот Дом, својот дворец, Милон и ѕидовите на Ерусалим, Хасор, Мегидон и Гезер.

16. Фараонот, египетскиот цар, тргна во воен поход, го освои Гезер, ги изгоре и ги погуби Хананците кои што живееја таму, потоа и го даде градот како свадбен подарок на својата ќерка, Соломоновата жена,

17. а Соломон ги обнови Гезер, Долниот Вет Орон,

18. Валат, Тадмор во пустината во земјата,

19. сите градови - складови што ги имаше Соломон, градовите за бојни коли, и градовите за коњицата, и сè што Соломон сакаше да изгради во Ерусалим, на Ливан и во сите земји што му беа подвластени.

1 Цареви 9