1 Цареви 8:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Драговите беа толку долги така што краевите им се гледаа од Светилиштето спроти Светината над светините, но не се гледаа однадвор. Таму останаа до денес.

9. Во Ковчегот немаше ништо освен двете камени плочи што ги стави Мојсеј во Хорив, каде што Господ склучи Завет со Израелевите синови откако излегоа од Египет.

10. А кога свештениците излегоа од Светилиштето, облак го исполни Господовиот Дом,

11. и свештениците не можеа да ја продолжат службата од облакот: Господовата Слава го исполни Божјиот Дом!

12. Тогаш Соломон рече: „Господ рече дека благоволи, да престојува во облак;

1 Цареви 8